Промо тв Серии

НЕПОБЕДЛИВА ЉУБОВ – од понеделник до петок во 13:40

НЕПОБЕДЛИВА ЉУБОВ,
мексиканска теленовела која нè води низ животните приказни, љубовта како неоткриена тајна и лавиринтите на правдата. 
Мексико Сити
Леона Браво има само една цел. Да влезе во светот на Рамзес Торенегро, сопственик на многу пиварници низ земјата и човек вмешан во валканиот бизнис со трговијата со луѓе, со цел да му се одмазди за нејзината лична трагедија што ја преживеала во минатото…
Порто Палма пред 15 години 
На брегот на Пацификот, Марена Рамос, млада девојка што продава риби на плажата, ќе доживее несреќа што ќе ја предизвика Гаел Торенегро, младиот наследник на пиварници низ Мексико. Плашејќи се од бесот на татко му, тајно ја носи Марена на рехабилитација кај привлечниот Адриан. Гаел и Марена почнуваат да чувствуваат силна меѓусебна привлечност, но и Адриан има силни емоции кон неа. Марена возвраќа на љубовта на Гаел и останува бремена со близначиња. Гаел е против раѓањето на децата.
Една ноќ таа и Адриан ќе ја откријат мрежата за трговија со жени зад која стои Рамзес Торенегро.
Марена го осудува Рамзес, но неговиот одговор е безмилосен и фатален за нејзиното семејство.
Кога таа ќе се породи со близнаците, Рамзес ќе ја запали болницата, но зема едно од новороденчињата. Сите веруваат дека Марена и другото бебе се мртви.
Мексико Сити
Што се случило со нејзините деца? Каде се наоѓаат и желбата за одмазда повторно ги спојува Марена и Адриан, таа во потрага по своите деца, а Адриан желен за одмазда заради смртта на својата љубов.
Нејзиното име е Леона Браво, а неговото Дејвид Алехо.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ГОМОРА – прва сезона – од понеделник до четврток – 22:15

Дејан Дејан

ЈУГ – мини серија

Дејан Дејан

БАТИСТ- сериски филм

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе