Балкан Вести Најважни Свет

Терористички акт на Србија или одговор на теророт врз Србите на Косово, се уште не е јасно што се случи во инцидентот кај Бањска

Терористички акт на Србија или одговор на теророт врз Србите на Косово, се уште не е јасно што се случи во инцидентот кај Бањска во кој загинаа тројца Срби и еден припадник на косовската полиција. ЕУ молчи, Кремљ ја оцени ситуацијата како опасна. Борел во обид за постигнување дипломатско решение ќе ги повика Курти и Вучиќ на итна средба во Брисел.

Знамињата на косовските институции денеска се на половина копје, граѓани, роднини и колеги се му оддаваат последна почит на загинатиот полицаец Африм Буњаку. Челниците на Косово вчерашниот нападот на косовската полицијата го нарекоа терористички акт на Србија.

Србија пак ги идентификуваше тројцата свои државјани кои го загубија животот во престрелката меѓу косовската полиција и Србите од северот на Косово. Загина 50-годишниот И.М. татко на две деца, кој работел како возач на брза помош во Клиниката на Косовска Митровица. Втората жртва е 31-годишниот С.Н. од Звечан, кој беше ранет и подоцна им подлегна на повредите, како и младиот Б.М. кој пред неколку месеци стана татко. Четвртиот Србин кој вчера беше ранет во инцидентот кај Бањска е опериран во Приштина и е во стабилна состојба. Српските медиуми пренесуваат дека ќе се бара истрага за убиството на најмалку двајца Срби кои биле убиени, иако се предале.

Многу работи се нејасни за тоа што точно се случило кај селото Бањска, но убиените луѓе не се терористи, вели Претседателот на српската собраниска комисијата за Косово и Метохија, Милован Дрецун, тоа се луѓе кои повеќе не можеле да толерираат теророт и одговориле на тој терор“, изјави Дрецун за српските медиуми.

„Најголема и најважна“ операција на косовската полиција од војната, вака ја нарече генралниот директор на косовската полиција  Газмент Хоџа, , во која се пронајдени тешко оклопно возило, 24 џипови, два мотори „4×4“, осум противпешадиски мини, 29 воени униформи, седум минофрлачи, динамит, митралези, дронови и ноќни двогледи.

Дека ситуацијата е тензична и потенцијално опасна, проценува портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Москва внимателно ја следи ситуацијата. Познато е дека Русија не ја признава независност на Косово и го поддржува територијалниот интегритет на Србија.

Аналитичарите причините за судирот ги гледаат токму во руско-српската хибридна војна на Балканот.

  • „Се што се случи вчера е продолжување на руската и српската хибридна војна на Балканот. Ова е нејзината кулминација бидејќи се спроведува со насилство. Косовската полиција има капацитет да се справи со овој тип на хибридна војна, но она што е важно е дека меѓународната заедница мора дефинитивно да разбере дека не можам да разговарам со (српскиот претседател Александар) Вучиќ на овој начин, но тој мора да биде казнет и условен доколку сакаме мир и демократија на Балканот“, Агим Муслиу, директор на институтите ОКТОПОД за студии за хибридна војна.

Додека Србите на Косово се борат да добијат свои општини, жителите на Приштина се нетрпеливи нивната земја да биде призната од страна на Србија.

  • „Вчера беа демаскирани сите маски со кои Србија се обиде да се камуфлира. Косово е прифатена држава и сега е време да започнеме процес и да завршиме се, за да не влезат маскирани и вооружени луѓе и да не нападнат на Косово“, Скендер Гаши, жител на Приштина.

ЕУ е воздржана и во исчекување на резултатите од истрагата по вчерашните напади на северот на Косово. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека е потребно најпрво да се идентификуваат јасно фактите и виновниците, единствено што е извесно е дека наскоро Курти и Вучиќ ќе бидат повикани на итна средба во Брисел.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе