Балкан Вести Најважни Свет

Убиен косовски специјалец во заседа во северно Косово, Курти ја обвини Србија за терористички напад

Припадник на специјалните единици на  косовската полиција е убиен, а друг полицаец е повреден во престрелка со непозната вооружена група во селото Бањска во општина Звечан  на северот на Косово. Инцидентот се случил рано утрово, потврди косовската полиција која наведе дека станува збор за организирана заседа.

Единицата за брза интервенција на косовската гранична полиција забележала дека на влезот во селото Бањска во 2:34 биле поставени камиони без регистрација со што бил блокиран патот кон селото.

-По пријавата, 3 единици реагираа и се упатија кон локацијата. Кога пристигнале во близина на блокадата, полициските единици наишле на отпор и од повеќе различни правци е пукано врз нив со разновиден арсенал на огнено оружје, а (во нападот) употребени се и рачни гранати и бомби. Двајца полицајци биле повредени, соопшти косовската полиција.

Косовските полицајци почнале битка со маскираните напаѓачи и успеале да ги извлечат повредените. Биле префрлени во болницата во Јужна Митровица каде е констатирана смрт на еден полицаец, додека вториот е вон животна опасност. При полициската акција е повреден уште еден припадник на КПС.

Престрелката траела до рано утрово до кога се слушале пукотници во околината на селото Бањска. Косовската полиција го блокираше селото и е во потрага по напаѓачите.

„Вистинска мала војна“ сведочат жителите на Бањско за КоССев.инфо

Ова е прво поголемо насилство по неколку месеци примирје меѓу локалните Срби и косовските државни органи и полицијата составена од претежно Албанци.

Во изјавата преку социјалните мрежи, косовскиот премиер Албин Курти ги обвини Србија и криминалните групи за терористичка акција.

-Напаѓачите се професионалци со маски и тешко вооружени. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логична поддршка од официјален Белград ја напаѓа нашата држава, објави Курти на ФБ.

Тензиите се зголемија во Косово по судирите во мај кога повеќе од 90 мировници на НАТО и околу 50 српски демонстранти беа повредени во демонстрации во северно Косово откако Приштина спроведе локални избори кои ги бојкотираа Србите, инаку мнозинство во тој дел на Косово.

Етничките Албанци се повеќе од 90% од населението во Косово, а Србите се мнозинство само во северниот регион каде што според договорите подржани пд ЕУ и САД треба да се формира Заедница на српски општини.

Косовската влада на чело со Курти одбива да ја формира заедницата, а разговорите Белград-Приштина за нормализирање на односите повторно заглавија минатата недела, при што шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел го обвини Курти за неуспехот да се формира Заедницата на на општините со мнозинско српско население, што ќе им даде поголема автономија.

Властите во Приштина на чело со Курти пак тврдат дека Србија постојано се меша во внатрешните работи на Косово и креира тензии со испраќање на српски радикални вооружени насилници на северот на Косово.

Вјоса Османи: Нападот врз косовската полиција е испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе