Вести Македонија Топ вести

Сомневањата за корупција и судир на интереси меѓу ДУИ и „Еуровиа“ пред антикорупционерите

Опозициските партии од албанскиот политички блок, Алтернатива, БЕСА и Демократско движење денеска во Антикорупциската комисија поднесоа пријава поради сомневање за корупција и судир на интереси кај функционери од ДУИ а во врска со компанијата „Еуровиа“ која е најголем донатор на партијата од Мала Речица.

Еуровиа го доби тендерот на МНР тежок 1,8 милиони евра  за пренамена на салата „Борис Трајковски“ законференција на ОБСЕ која ќе се одржи во декември а во меѓувреме и од министерството заживотна средина тежок еден милион евра за регуѕчација на ободен канал во Арачиново.

Сопственикот на фирмата Елмедин Адеми и фирмите блиски до него се меѓу најголемите донатори на ДУИ.

Антикорупциката Комисија веќе отвори предмет кој се однесува на тендерот на МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе