Балкан Вести

Почнува пописот на населението во Албанија – МНР со повик Македонците слободно да ја пријават македонската националност

Соседна Албанија денеска го почнува пребројувањето на своето население и домаќинствата во земјата, а пописот треба да заврши на 30ти октомври. Македонските друштва и асоцијации ги повикаа македонците кои живеат таму да ја поддржат оваа значајна статистичка операција и слободно да се изјаснат за етничката и верска припадност и јазик.

Во повикот се вели дека ова е многу важен процес бидејќи во него ќе се декларира  и етничката припадност на секој поединец. Се наведува и дека врз основа на Законот „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, од 2017 година, правата на малцинствата како што се правото на образование на мајчин јазик, употребата на мајчиниот јазик во локалните институции, употребата на мајчиниот јазик на патната сигнализација, застапеноста во јавните институции и слично се поврзани со нивниот број.

И македонското МНР ги охрабрува сите Македонци слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност.. А тамошните активисти за правата на Македонците во Мала Преспа и Голо Брдо побараа од Македонците да не потклекнуваат под никаков притисок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе