Вести Македонија Топ вести

ДКСК утврдила дека ДУИ му ги вратиле парите на газдата на Еуровиа, но далеку после законскиот рок

Антикорупциската комисија утврдила дека ДУИ му ги вратиле парите на газдата на Еуровиа, далеку после законскиот рок. Вишокот парите биле вратени само еден месец пред фирмата да го добие тендерот од 1,8 милиони евра за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември.

Елмедин Адеми и фирмите блиски до него се најголемите донатори на ДУИ.

Тој лани ѝ донирал на ДУИ околу 40 илјади евра. Тоа е двојно повеќе од законски дозволеното. Антикорупционерите бараат Државниот завод за ревизија да постапува по случајот за да изрече казна ако е потребно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе