Вести Македонија

Управителки со источно европски имиња, адреса до Католичка црква, реди губитоци: Профил на македонската фирма од американска црна листа поради софтвер за следење

Македонската компанија која денеска е ставена на американската црна листа на тамошното Министерство за трговија се наоѓа во зграда во непосредна близина на Католичката црква во Скопје.

Управител на Сајтрокс ДООЕЛ до лани во октомври бил македонскиот државјанин Иво Малинковски ( син на сопственикот на Микеи и Камник). Тогаш за управител е поставена жена која не е од Македонија.

На 27.10.2022., од влошката на Сајтрокс е избришан Малинковски (бил управител и во менаџментот на фирмата од нејзиното основање на 27-ми март 2017-та година) и како нов управител е впишана Јеновефа Моравкова.

Според податоци на интернет, лице со вакви генералии може да се најде во чешки регистри каде за Јеновефа Моравкова е наведено дека е од Чешка и се појавува во податоци за фирми во оваа држава во источна Европа.

По 8 месеци управување, Моравкова е избришана и на нејзино име како управителка е поставена Силвиа Јастрзебска. Станува збор за полски етнички идентитет. Под овие генералии може да се најдат повеќе лица, постои уметница Јастрзебска, со истото име и лекарка која работи на клинички испитувања, но има и жена со британско државјанство која на иста адреса во Англија има водено како директор/менаџер вкупно 10 фирми (градежништво и продажба на акции). Таа Јастрзебска и во јули отворила нова фирма на која е директор, а само дваесетина дена претходно, жена со ист идентитет станува управител на македонскиот Сајтрокс.

Сајтрокс која сега е на црна листа поради учество во креирање, производство и продажба на опасниот софтвер за нелегално следење на електронски комуникации Предатор и Пегасус, во Скопје е регистриран за дејност компјутерско програмирање.

Последните финансиски резултати се од времето кога Малинковски бил управител и пријавени се негативни финансиски биланси и за 2020-та и за 2021-ра. Во 2020-та Сајтрокс имал над 1,5 милиони евра приход (над 93 милиони денари) и забележал загуба од околу 7,5 милиони денари (околу 125 илјади евра).

Последниот извештај предаден во Централниот регистар е од преклани и во 2021-ра приходот на Сајтрокс е паднат за 86% односно имале приход од околу 200 илјади евра, а оствариле уште поголема загуба од 10,2 милиони денари односно околу 165 илјади евра.

Откако е ставена на американската црна листа, Сајтрокс нема да може да тргува со САД во области на компјутерски софтвери и дигитална технологија, а има и минимален речиси непостоечки пристап до можност за финансиски трансакции со фирми во САД.

Македонска компанија на црната листа на САД поради производство на софтвер користен за шпионирање

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе