Вести Македонија

Ликвидација на Егејско Море- војната на скопските кланови продолжува и надвор од Македонија

Дошле со мотори, маскирани, среде ноќ и со над 20 куршуми ги застрелале Орхан Бајрами Оки и Сеад Слезовиќ во апартманите во луксузните Суни вилас во Ханиоти. Грчките медиуми известуваат дека полицајците по првиот повик кога стигнале на лице место нашле дваесетина чаури.

39-годишниот Бајрами е убиен, а вториот македонски државјанин е ранет и во болница. Од МНР потврдија дека се известени преку амбасадата во Aтина.

-Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот, соопшти МВР.

Убиениот Бајрами е дел од кланот Дуќанџик/Грчец кој со години е во војна со другиот клан од Скопје Барон, потврдија за Телма добро информирани полициски извори.

Грчките медиуми повикувајќи се на тамошни полициски извори од Халкидики известуваат дека убиството личело на мафијашка одмазда.

Нападнатите денеска на пладне требало да се отчекираат и да го напуштат луксузниот ресорт каде изнајмување на апартман за еден ден чини по 600-тини евра. Полициски извори од Грција тврдат дека на убијците тоа им било познато.

Во апартманот покрај убиениот и ранетиот имало уште три лица, еден маж и две девојки, но тие не биле погодени.

Ханиоти е блокирано со полициски патроли, а се проверуваат и граничните премини кон Македонија, Бугарија и Турција бидејќи се претпоставува дека убијците се дојдени надвор од Грција и ќе бегаат преку границите.

Скопска војна

Убиениот Бајрами беше близок со двајцата застрелани во Шиша бар во вооружениот напад кој се случи на почетокот на март во старата скопска Чаршија.

Повеќе години меѓу двата кланови се случува војна во која има повеќе убиени и застрелани, а убиствата остануваат нерасветлени.

Двете групи се во битка за територија за криминални зделки со дрога, рекет и кражби, како и обид преку градежништво да ги перат и легализираат криминално заработените пари.

Имаат добри врски во политиката, полицијата, судството и обвинителството поради што успешно бегаат од правдата. Има и фотографии на убиениот Бајрами со претседателот Пендаровски, иако политичарите постојано тврдат дека станува збор за фотографии со граѓани кои случајно ги среќеваат на политички настани, а не за познанства и лични врски.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе