Вести Македонија

Дванаесет политички партии и здруженија во Бугарија нотирани дека шират омраза и екстремизам

Шест политички партии и шест здруженија во Бугарија се идентификувани дека шират говор на омраза во извештајот на американската невладина организација „Глобален проект против омразата и екстремизмот“ објавен денеска. Очекувано на листата се наоѓаат партиите „ВМРО“ и „Преродба“ чии лидери се политичарите со докажани антимакедонски ставови и активности Красимир Каракачанов и Костадин Костадинов како и ултра десничарската партија „Атака“.

Во извештајот на оваа организација стои дека за разлика од некои други држави членки на ЕУ, бугарските екстремисти се повеќе фокусирани на демонизирање на сопствените малцинства во земјата – Ромите и од неодамна и ЛГБТК популацијата  но не и мигрантите а ова е нотирано и во извештајот на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕЦРИ) од 2022 година.

Според  еден од основачите на организацијата „Глобален проект проив омразата и екртрмизмот“, Венди Виа, политичките партии и здруженијата кои се нотирани во извештајот се групираат околу секоја идеологија на омраза како начин да ја изградат својата база и нивната моќ, што често доведува до зголемено насилство и омраза насочена кон веќе маргинализираните луѓе.

Повеќето од партиите и здруженијата се со седиште или имаат седиште во Софија и учествуваат а некои од нив учествуваат на годишните маршеви кои се одржуваат во чест на Христо Луков соработник на нацистите кој учествуваше во депортацијата на Евреите од областите окупирани од бугарската армија во Втората светска војна.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе