Вести Македонија

69-годишен штипјанец заклучил две децении помлада жена и ја “убедувал” да му стане сопруга

69-гпдишен маж од штипска Лакавица пред 5 дена заклучил и на сила во својот држел 48-годишна жена. Инсистирал таа да прифати да му стане сопруга.

Жената успеала да избега и да пријави во полиција. Стариот грабнувач завчера е уапсен по што ќе добие кривична пријава, извести МВР во својот билтен.

На 23.05.2023 во 21.40 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.Н.(69) од с.Лакавица-штипско поради претходна пријава од 48 годишна жена дека на 19.05.2023 околу 14.00 часот тој противправно ја држел во својот дом инсистирајќи да му стане сопруга. Откако избегала, таа го пријавила случајот во полициска станица. Л.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

14-годишно дете погодено од залутан куршум во Куманово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе