Колку авторките биле дел од канонот на македонската литература? Колку таа категорија се променила со текот на времето? Каква е улогата на писателките во рамките на актуелната македонската книжевна сцена? Колку се читани и почитувани? Дали нивните дела се дел од образовниот систем и лектирните изданија?
Снежана Младеновска Анѓелков, авторка на документарниот филм, и самата писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“, разговара со дел од актуелните македонски писателки на овие теми, отворајќи простор за нови размислувања околу женското писмо и сите негови специфики кое тоа со себе ги носи и ги негува. Сопоставувајќи ги своите размислувања за темите за кои пишуваат во своите книги, за начинот на кој го прават тоа, дали има повеќе поетеси или прозаистки на нашата книжевна сцена и други лични и провокативни теми.
Во филмот учествуваат: Лидија Димковска, Лилјана Пандева, Фросина Пармаковска, Снежана Стојчевска, Калина Малеска, Виолета Танчева-Златева, Николина Андова Шопова и Соња Стојменска-Елзесер.
снимател: Огнен Ацевски
асистент на камера: Кристиан Христов
графичка обработка: Борче Крстевски
сценарио, монтажа и режија: Снежана Младеновска Анѓелков