Вести Свет Топ вести

Османи: Бојкотот на Србите беше последица на заплашувања и насилство оркестрирано од Белград

Ништо не може да биде моноетично, туку мора да го претставува мултиетничкиот карактер на Косово, вели во интервју за Телма претседателката на Косово Вјоса Османи. Таа не смета дека изборите кои што во недела се одржаа на северот на Косово биле избрзани, а бојкотот на Србите смета дека е последица на заплашувања и, како што вели, насилство оркестрирано од Белград.

1.Претседателке Османи, со оглед на последниот развој на настаните во ваша земја, кога ќе ја формирате Заедницата на српски општини?

-Ова секако е прашање кое зависи од развој на други работи. Како што знаете има Договор кој неодамна беше постигнат во Брисел, Анексот кој беше постигнат во Охрид, што овозможува имплементација на сите претходни договори кои се легални, обврзувачки и валидни. Во тој контекст би сакала да потсетам на одлуката на Уставниот суд на Република Косово во 2015 која ги одреди параметрите според кои Асоцијацијата на општини може да функционира во Република Косово. Првиот критериум е дека ништо не може да биде моноетично, тоа значи дека мора да го претставува мултиетничкиот карактер на Република Косово и секако да не создава ново ниво на управување, но може да биде координација меѓу општините кои лобираат за своите надлежности со националната влада. Во тој контест Косово многу јасно стави до знаење дека водечки принцип ќе му биде одлуката на Уставниот суд, Уставот на Косово исто како и пишаната позиција на САД која беше објавена пред еден месец. Во рамки на овие параметри ние ќе го дадеме нашиот предлог кој потоа ќе биде дискутиран во Брисел, како што е наведено во договорот. Не можам да ви дадам датум кога оваа дискусија ќе вроди со плод, но она што со сигурност можам да го кажам е дека Косово ќе биде целосно конструктивно и отворено со предлозите, и ќе осигура дека се следат најдобрите европски стандарди кога станува збор за прават малцинствата. Ние веќе имаме Устав кој е многу напред дури и споредено со сите други европски држави, но истовремено сме подготвени да дискутираме како може да ги направиме најдобрите модели применливи истовремено обезбедувајќи дека суверенитетот на Косово, како и неговиот интегритет и внатрешното функционирање како држава е зачувано.

2.Пред неколку дена се одржаа локални избори во четирите српски општини на кои се избрани градочалници Албанци. Зошто брзавте со локалните избори таму со оглед на актуелниот бојкот на Србите и пред да се формира Заедницата на српски општини?

-Не разбирам како воопшто може да биде спомнат зборот „избрзани“ во ситуацијава во која што се наоѓаме. Всушност, изборите требаше да се одржат во декември минатата година. Ги одложивме за април, давајќи шанса за подобри услови во следните четири месеци. Овие услови беа создадени од сите косовски институции, во целосна согласност со применливите закони и Уставот на Република Косово, сите критериуми на Венецијанската комисија, како и најдобриот демократски стандард. Значи понудивме сѐ. И како трето, не знам за ниту една држава во регионот, или Европа, или било каде, каде што создавањето на една заедница треба да биде предуслов за одржување избори, кои Уставот ги бара. Тоа е исто како јас да побарам од Северна Македонија да не одржува избори, и покрај тоа што нејзиниот Устав ги бара без создавање на заедница на албански општини, од 15 општини кои се водени од Албанци. Секако дека нема да побараме нешто такво. Но, да се бара од Косово да не одржи избори, кои нејзиниот Устав ги бара… Не велам дека вие тоа го барате, но самото спомнување…

3.Знаејќи дека Србите ги бојкотираат и не ги признаваат овие избори, може ли сега ова да ги блокира преговорите со Белград?

-Но, апсолутно тоа не беше реалноста. Ова не беше доброволен бојкот од страна на локалните Срби. Ова беше бојкот кој се случи поради закани, заплашаувања и насилство оркестрирано од Белград, и извршено од нелегалните и криминалните структури водени од луѓе, од Срби, кои ги водат овие структури и кои се на црната листа на САД и Обединетото Кралство. Изборите се одржаа во целосна согласност со нашето законодавство, со нашиот Устав, и како што реков, причината поради која мораше да бидат организирани избори, на прво место, не беше затоа што ние ги побаравме, не беше затоа што ние ги посакувавме, не беше затоа што ги избрзавме, туку затоа што српрските градоначалници беа присилени од Белград да си поднесат оставки. Белград изврши притисок да си поднесат оставки, а нашиот Устав предвидува избори ако еден градоначалник поднесе остав ка. Значи, нивен избор беше да се постави Косово во невообичаен процес на предвремени избори, и секако ние го испочитувавме нашиот Устав и најдобрите европски стандарди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

Јуриќ: Како да нема човек што е во близина, а да не е сомнителен во случајот со Данка

Дејан Дејан

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе