Вести Економија Топ вести

Ленче Ристоска: Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание и треба да се реформира

Советот на јавни обвинители да се реформира и да се разгледа опцијата да биде ад хок тело кое ќе се состанува по потреба, предлага обвинителката Ленче Ристоска, според која ова тело од формирањето во 2008 до сега потфрли во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

Се додека членови на советот на кандидатите што апицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека советот е извор на тргување со влијание во обвинителството, и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна изборот што советот го прави креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал, рече ристовска.

Обвинителка потсети дека повеќе пати се случувало изборите на обвинители да бидат одложувани без конкретно образложение за причините, поради што создава впечаток во јавноста дека изборот не е слободен. Како пример го посочи и огласот за двајца обвинители во Вишото обвинителство за кој вели повеќе од 7 месеци не се одлучува.

Во куалоарите кружи причина како бизиарна комбинација на тргување со влијание и непотизам, но не сакам да шпекулирам, вели Ристоска

Беше потенцирано и дека се потребни промени и во работењето на Судскиот совет. Судијката од Кривичниот суд Оља Ристова забележа дека членовите на ова судско тело се нетранспарентни кога гасаат против унапредување на судии. Како пример го посочи последниот случај кога се бираа судии за врховен, кога судски ги избра двете најдобро рангирани судијки за граѓанскиот оддел, но не избраа  судии кривичари за највисокиот суд. Смета дека членовите на судски треба да ги образложат своите одлуки зошто гласаат против.

Професорот по кривчно право и поранешен министер за правда Тупачески ја отвори дилемата за тоа дека до сега ниту еден член на Судски совет не одговарал дисциплински. Смета и дека членовите на судски имаат преголема заштита со одредбата според која дури 20 судии треба да иницираат дисциплинска постапка за еден член на советот.

Пораншениот министер даде и други забелешки, но новиот министер за правда Лога не беше присутен да го слушне. На конференцијата посветена за  улогата на судскиот и обвинителскиот совет во стекнување на независност и интегритет во судството организирана од Националната конвенција за Европска унија во земјава, експерите навладините и претставниците судската и обвинителската фела даваа и конкретни предлози за промени.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерка за заштита на градот – туристите од денеска ќе плаќаат пет евра за влез во Венеција

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе