Вести Економија Топ вести

МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја

МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја, покажува најновиот ревизорски извештај. Пред стартот на енергетската криза, за потребите на овие трговци, преносниот систем  влечел струја од  Европската мрежа. За количините, 4 компании од Мепсо добиле фактура во висина од 15 милиони евра. Наместо да ги наплатат, истите со одлука на Управниот одбор во компанијата, биле отпишани. Овој износ МЕПСО го книжи како трошок на компанијата, кој потоа го пријавува во Регулаторната комисија на енергетика. Според ревизијата ваквиот трошок има влијание и во утврдување на крајната цена за електрична  енергија, која ја плаќаат домаќинствата. Од отпишаниот долг во март година МЕПСО успева да наплати само мал дел.

Во 2022 година од овие отпишани побарувања наплатени се средства во износ од 75.463.000 милиони денари или 1,2 милиони евра кои се искажани како приход, се вели во извештајот на државниот ревизор.

За целосно да се покријат потребите од струја, во 2021 година МЕПСО од европската мрежа извлечена е електирчна енергија во вредност од 68,5 милиони евра, пет пати повеќе од претходната година. Дел од струјата била за ЕСМ која не успеала целосно да го реализира својот план за производство.

Со ревизијата е утврдено дека  големи отстапувања се направени во месец октомври  2021 година, кога 77 гигават часови  се фактурирани и наплатени од производителот на струја АД ЕСМ, во вредност од 25 милиони евра без ДДВ, се вели во извештајот. 

Телма претходно пишуваше дека три фирми трговци со струја, на МЕПСО му должат милиони за баласнираната енергија, „У Повер“,  компанија на синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери, „Енергија гас и Повер“,  и „Мист Енерџи“. Овие фирми добија и забрана да тргуваат со струја. Но, некои најдоа начин, го променија името и се вратија во игра. Тоа се случи со Мист Енерџи. Компанијата го промени своето име во „Мист Енерџи Еко ДОЕЛ“,  и се  врати на пазарот со електрична енергија. МЕПСО мака мачи да ги врати милионите од овие фирми во касата на компанијата. Според последните  информациите, нивните сметки се блокирани, приливи нема, со месеци не е извлечено ниту евро од нив.

Државната ревизија открива дека раководителите во МЕПСО (директорите и членови на Управниот и надзорен одбор) имале менаџерски договори за да земаат отпремнина во висина од 12-месечни нето  плати на ниво на компанијата,  по заминување од функцијата. Двајца членови на Управниот одбор ја тужеле МЕПСО во 2021-ва и добиле како оштета над 37 илјади евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе