Вести Македонија Топ вести

Протести во Битола и Скопје со барањe правда за Јана и итни промени во здравството

Со поддршка за родителите, за правдата да излезе на виделина, и со пораки за итни промени во здравството, доцна синоќа голем број граѓани во Битола и во Скопје излегоа на мирен протест револтирани по смртта на малата Јана од битолско Кравари, која почина на клиничката болница во Битола по примена инфузија.

Родителите се убедени дека во нивниот случај станува збор за лекарска грешка. Порачаа дека нивната Јана не можат да ја вратат, но би сакале правдата да ја истераат до крај за да не се повторат такви случаи во иднина.

Министерството за здравство оформи комисија составена од петмина доктори специјалисти, детски ендокринолог, пулмолог, кардиолог, хематоонколог и анестезиолог, кои треба да утврдат дали имало или не лекарска грешка при третманот на малечкото девојче.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат по вонредниот надзор не констатираше пропусти во третманот, а од Обвинителството најавија дека ќе чекаат да го добијат обдукцискиот наод и комплетната медицинската  документација, по што ќе донесат одлука дали ќе се покрене обвинение за случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе