Вести Македонија Најважни

Вонредни инспекциски надзори ја „тресат“ битолската болница по смртта на шестгодишната Јана

Клиничката болница во Битола е под вонреден инспекциски надзор кој треба да даде одговор за смртта на шестгодишната Јана од битолското село Кравари. Додека се „чешла“ случајот и се чекаат резултатите, министерот за здравство, Фатмир Меџити и премиерот Димитар Ковачевски го чекаат директорот на битолската болница, Александар Обедниковски да реферира во Скопје за случајот кој ја потресе Македонија.

„Постапивме штом слушнавме. Таму веќе се инспекциските служби и кога ќе имаме информации ќе ги објавиме. Со семејството не сме контактирале, ќе го контактираме наскоро. Во текот на денот чекаме да пристигне директорот Александар Обедниковски“, рече министерот Меџити.

За вонредниот инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола откри приемиерот Ковачевски.

„Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали и врз основа на факти ќе се утврди објективната состојба, врз основа на факти треба и да се изречат санкции таму каде што ќе биде потребно“, истакна Ковачевски.

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари, вчера почина на Детското одделение во Клиничката болница во Битола, откако претходно примило инфузија. Неколку дена малата Јана имала симптоми на блага настинка, малку покачена температура и болки во мускулите.

Но, поради отоците на очните капци кои ги имала и пред неколку месеци, родителите вчераутро ја однеле прво на матичен лекар, кој не бил на смена, а потоа во болница. По прегледот од дежурниот лекар биле упатени во лабораторија за аналзи на крв, а додека се чекаа резултатите, девојчето примало инфузија.

Потоа здравствената сосотојба на девојчето почнала да се влошува и биле повикани и лекари анестезиолози, додека родителите преку стаклото во Детското одделение ги гледале обидите да се спаси нивната ќерка. Од битолската болница потврдуваат дека девојчето кај нив беше од 10 до 14 часот, кога почина при реанимација на Одделението за интензивна нега. На нивно барање телото на малото девојче е предадено на обдукција, а за овој случај е известен и обвинител.

Шестгодишно девојче почина во Клиничката болница во Битола, откако претходно примило инфузија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе