Вести Македонија Топ вести

Две третини од македонските граѓани против уставните измени, покажува анкетата на „Социетас цивилис“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“

Речиси две третини од македонските граѓани, или 65 проценти не се согласуваат со уставните измени неопходни за комплетирање на фазата за отворање на преговорите за членство, покажува Анализата на јавното мислење изработена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“ која што е насловена „Европа во криза. Последиците врз јавното мислење во Северна Македонија“. Според етничката припадност, мнозинство од 80% на етнички Македонци се против уставни измени, додека пак, 53% од испитаници идентификувани како етнички Албанци даваат поддршка на уставните измени.

26% од испитаниците сметаат дека Бугарите и останатите засегнатите малцинства треба да бидат вклучени во Преамбулата на Уставот на државата.

Анкетата покажува дека повеќе од две третини (69%) од испитаниците сметаат дека описот за службен јазик треба да се задржи во својата постојна форма, според која службен јазик е македонскиот и оној кој го говори 20% од населението. Етничките Албанци имаат поделени мислења во однос на описот на службен јазик во Уставот. Скоро половина од нив (47%) сметаат дека истиот треба да биде променет во „службени јазици се македонскиот и албанскиот”.

Оваа анкета исто така повторно забележува опаѓање на поддршката за членство во ЕУ. 64 проценти од граѓаните се за членство во ЕУ, доколку следната недела би се одржал референдум, но, во исто време има подобрување на перцепцијата кон Унијата како најдобар сојузник на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе