Вести Македонија Најважни

Честитки за одлуката во Стразбур, аболицираните се надеваат на уште една шанса, владата слави победа

Надежта за слободата од Стразбур по 5 години се враќа дома.

Одново ќе биде преточена во правна борба, но пред домашните судски инстанци.

Но, едно е сигурно од денешната одлука во судот за прв пат има две задоволни странки.

За оние кои ја обжалија аболицијата на Ѓорѓе Иванов, се уште не е готово. Таков е ставот на еден од подносителите, адвокатот на аболицираната екс министерка за внатрешни, Гордана Јанкуловска, нејзиниот сопруг Влатко Илиевски. На владата и порача да не покажува триумфализам.

Ништо не е готово, Ќе има уште една шанса за Стразбур и владата да не слави прерано, вели за Телма, Илиевски.

Одлуката засега не се слави, но се поздравува. Се огласи и владата дека европскиот суд ги почитува човековите права, но и институциите во земјава. Правото во Македонија победило, вели министерот за внатрешни работи.

Позитивна оценка за одлуката изрази претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Борбата за правда да продолжи во земјата за да оставиме позитивен пример. Гордана Јанкуловска не беше помилувана за предметот ТЕНК, па тоа не е предмет за пред Стразбур и останува правната борба пред македонските инстанци.

Засега без коментар е и експремиерот Никола Груевски кој, пак, не дочека да се надева на судот во Стразбур и претходно ја напушти земјата, а екстрадицијата е единствен правен лек кој може да го изведе пред судските власти во Македонија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Професор Пановски вели анализите за водата да се објават веднаш за да знаат лекарите како да лекуваат болни и како да се чисти водоводот: Од 1973-та сум студент, не памтам ваква небулоза

Дејан Дејан

За осомничени за силување, одредена времена мерка одземање на патна исправа, а законот предвидел казни до 10 години

Sonja Petrusevska

Минималната синдикална кошничка над 1.100 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе