Вести Македонија Топ вести

Пожар во викенд-куќата на Миле Зечевиќ во Маврово

Рано утрово избил пожар во викендица на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, потврдија за Телма од надлежните институции.

Пожарот е пријавен во 6:10 часот наутро во село Леуново во викендицата која се наоѓа во близина на хотел„Радика“.

Нема повредени лица, противпожарна единица од Гостивар е на терен и го гасне пожарот.

Пожарот избувнал од засега непознати причини, а натамошната истрага треба да ги открие причините за пожарот.

Од МВР одговорија дека Зечевиќ бил во викенд-куќата која е во сопственост на неговата мајка и го пријавил пожарот.

-Денеска наутро (12.02.2023) околу 06.10 часот, М.З.(51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал. Повредени нема, интервенирала гостиварската територијална противпожарна единица. Во текот на денешниот ден ќе се врши увид, соопштија од МВР.

Собраниската седница за реконструкција на владата во понеделник – четири нови министри и пет заменици

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе