Вести Македонија

Пензионери од Скопје тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова е нелегитимно избрана

Членови на „Здружението на пензионери Ѓорче Петров“ тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, е нелегитимен претседател бидејќи не живее во општината и затоа не можела да биде предложена од ова здружение. Пензионерите Слободан Георгиевски и Драгица Славевска обвинуваат за спрега со локалниот претседател Стојановски, кој ги отстранил од функциите откако укажале на неправилностите. Од матичното здружение, пак, велат дека станува збор за политички игри.

„Таа е нотирана со лична карта во Кисела Вода. Така е регистрирана и во Централен регистар. Со статутот не е дозволено бидејќи… секој треба да живее на територијата кај што е жител и од таму да биде делегиран. Тогаш кога се делегираше, не беше покажана личната карта… туку само се кажа дека живеела во Ѓорче Петров“, изјави Слободан Георгиевски, пензионер од Здружение на пензионери „Ѓорче Петров“.

Стојановски е дециден дека се е според законите и статутите. Тврди дека во здружението на пензионери од Ѓорче Петров имало членови од други градови, како и дека пензионери од Општината се членови на здруженија во други скопски општини.

„Госпоѓата Станка Трајкова е член на здружение на пензионери Ѓорче Петров од 2022 година и истата има земено исписница од ЗП Кисела Вода… Еве пример ќе дадам, сега пред месец дена една госпоѓа од Кичево земала исписница од таму и сака да биде член во нашето здружение“, вели Мите Стојановски, претседател на здружение на пензионери „Ѓорче Петров“.

Стојановски и Трајкова извршуваат повеќе функции што е забрането со статутот и за тоа добиваат финансиска надокнада, обвинува пензионерката Славеска.

„Госпоѓата Станка беше член на Собранието на сојузот, а истовремено избрана за член на Извршниот одбор, а истовремено и за претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Како возврат, таа го предложи него (Стојановски) за член на Собранието и на Извршниот одбор, со што има акумулација на функции спротивно на член 13 од статутот“, посочува Драгица Славеска, пензионер ЗП „Ѓорче Петров“.

Стојановски тврди дека тој има само една функција и тоа може лесно да се провери.

„Јас во мојот правен субјект извршувам само една функција, а тоа е претседател на Извршниот одбор. Како претседател, согласно статутот, претседателот на Извршниот одбор е и претседател на здружението, значи тоа е една функција. Јас други функции не обавувам“, додава претседателот на здружението, Стојановски.

Телма контактираше со претседателката Станка Трајкова која не одговори прашањата и не упати до здружението на пензионери во „Ѓорче Петров“ бидејќи тие ја кандидирале за сегашната функција.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе