Вести Македонија Топ вести

Таравари во „Вин-Вин“: Доближувањето до власта е наш обид за акцелелирање да се стигне до 80 пратеници и ништо повеќе

Периодот во кој се наоѓаме како држава е малку поинаков од оној што беше пред февруари во 2022 година. Инвазијата на Русија во Украина смени многу работи, а плус почетокот на процесот на скрининг на Македонија, заедно со Албанија, веќе нè доведува до ситуација во која не треба да се размисли само за рејтингот на партијата, туку и за доброто на обичниот граѓанин и на општеството, рече Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Свесни дека ова доближување со власта, односно сите партии кои се дел од владата, подразбира наш обид за акцелелирање да се стигне до 80 пратеници и ништо повеќе. Ние го кажавме ова и на почеток од разговорите со партиите од власта дека тука сме и од опозиција да изгласаме“, изјави Таравари.

Секојдневните појавувања на ВМРО-ДПМНЕ против него и Алијансата за Албанците, како што нагласи Таравари, изгледаат хистерично.

„Добиваат димензија која што не е нормална. Тие се однесуваат како Алијанса за Албанците дека мора да остане во опозиција, дека ние сме фатени, дека некако нè притискаат, дека мора да влеземе, а не сакаме. Ние со ова сакаме да испратиме порака и до ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ од една страна останува со Левица и веќе се, да речам, за жал, стигматизирани некако дека едноставно го кочат процесот поради нејасна работа. Од друга страна, пак, не мислат дека ако Македонија не ги започне преговорите до крајот на годината, тоа е уште потрагично за државата, па и за луѓето“, смета лидерот на Алијанса за Албанците.

Според него, со бројка од 64 пратеници, многу потешко може да се стигне до бројката од 80 пратеници.

„Со една бетонирана бројка од 70 или 72, плус Беса која што мислам дека би гласале исто како Алијанса, без разлика дали се позиција или опозиција. Мислам дека е многу полесно да се стигне до 80 пратеници од 72 или 74 отколку во оваа состојба во која е актуелното мнозинство“, изјави Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со измени на деловникот Судски совет ќе спречува држење на предмети во фиока по година до две

Дејан Дејан

Пукна цевка од парно на третиот кат на Токсикологија

Дејан Дејан

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе