Вести Македонија Најважни

Телма дознава: Ќе има строга селекција кој ќе влезе во Македонија на 4-ти февруари – околу црквата Св.Спас веќе се поставени полициски кордони

Засилени полициски мерки се спроведуваат и во Македонија и во Бугарија за чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на револуционерот, Гоце Делчев. Околу црквата Св. Спас засега сообраќајот и движењето е слободно, но полициски контроли веќе се  поставена околу црквата. Во Бугарија пак се проверуваат бугарски граѓани кои би дошле во Скопје в сабота, за што заменик-главниот комесар на бугарското МВР, Станимир Станев, за бугарската БТВ изјави дека само вчера се слушнал трипати со својот македонски колега.

„Со кого си разменуваме информации и им даваме информации за движење на наши граѓани, за нивниот број, за кој се уште во моментов ја немаме точната цифрата бидејќи е променлива. Разменуваме неопходни информации за двете страни со цел да гарантираме без проблеми да се одржи настанот на 4 февруари“, изјави Станимир Станев, заменик-главниот комесар на бугарското МВР.

Меѓу бугарските граѓани кои е извесно дека нема да влезат во Македонија се имиња на бугарски граѓани за кои шефот на македонската држава, Стево Пендаровски, побара да бидат прогласени за персони нон-грата во земјава. Телма дознава дека станува збор за 14 имиња на Бугари кои Пендаровски и ги достави на македонската влада како опасни за јавната безбедноста на државава. На средбата на шефовите на дете полиции пред два ден, Телма дознава дека било договорено да има строга селекција на тоа кој може да излезе од Бугарија и да влезе во Македонија во деновите пред и на денот на чествувањето на Гоце Делчев.

Станев во интервјуто изјави дека македонската полиција ги уверила дека ќе преземе драконски мерки за да ја гарнтира безбедноста на денот на чествувањето, со различни проверки на различни места, а оти Бугарија ќе направи од страна на, како што ги рече, бугарски гости таму, да нема провокации и немири. Станев информираше дека се подготвени и да испратат и помош на своите колеги во Македонија.

„Чекаме барање, ако има такво барање – да, секако, ние ќе ги испратиме на лице место нашите полицајци.

Тоа значи заеднички акции?

Не, тоа е во целосна надлежност на македонските колеги. Но, ние ќе им ја дадеме неопходната помош, вклучително и на главната управа на националната полиција“, изјави Станимир Станев, заменик-главниот комесар на бугарското МВР.

За случајот на претепувањето на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Станев на прашањето дали се разјаснило кој всушност има бугарски пасош, нападнатиот или напагачот, рече дека тоа се уште се утврдува, но потврди дека се трага по уште еден напагач, кој е во бегство. Телма вчера доби потврда дека напагачот кој е во бегство е бугарски државјанин, но не и нападнатиот Пендиков. Телма дознава дека Пендиков поднеле барање за бугарско државјанство по претепувањето и хоспитализацијата во Софија.

 

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе