Вести Македонија Најважни

Скандалот „Онишченко“ во заборав – новиот директор ги унапредува одговорните за државјанството на „Еквестријан“ јавачот

Си го предадоа директорското столче во АНБ, но не одговорија кој и како ќе одговара за издавањето на државјанство на конторверзниот украинец Онишченко.  Ексдиректорот на тајната служба Виктор Димовски чека пас од владата дали ќе стане предлог  за амбасадор во Париз, а неговиот следбеник во службата и по 45 дена од фирмирањето на дисциплинската комисија нема одлука  застана истрагата за еквестријан државјанството на Онишченко и кој че биде казнет за пропустите за кои и давјцата директори гласно укажаа. Ваков извештај нема и на денешната владина седница. Но, затоа извори од АНБ за Телма потврдуваат дека дел од директно одговорните за пропустите во постапката за добивањето зелено светло за државјанство на украинецот Олександар Онишченко сега напредуваат во кариерата. Новиот директор Зарко Милошевски ја поништил суспензијата за Габриела Ѓошевска – Јаковлевска и Бобан МАрку од секторот за Меѓунардона соработка и ги унапредил, Ѓошевска во помошник директор на секторот за Меѓународна соработка, а Марку во началник на сектор за контраразузнавање. За Телма од АНБ нема официјална потврда за унапредувањата кои неофицјално засега ги примиле посочените пред 4 дена. И самиот директор Милошевски доаѓа од нивниот сектор, но тој не беше опфатен со дициплинската постапка која ја отвори ексдиректорот Димовски иако Милошевски во тој момент е помошник директор во одделот за безбдносни проверки. Но, освен за медиумите, новиот директор без информации од истграгата ги остави и оние кои го контролираат и назначуваат.  Дека имало пропсусти во овој скетор, посочи и претседателот на надлежната собраниска комисија за надзор Љупчо Пренџов по реферирањето зад затворени врати со Милошевски. ИЗвештај на хартија и полн одговори како Онишченко стана Македонец чека и премиерот Ковачевски, владата, но и претседателот Пендаровски. Владата на затворена седница на 12 декември  му го одзеде државајнството на богатиот и конторверезен уркаинец кој од егзотични дестинации ја брануваше јавнсота со изјави дека леглан ого добил државјанството,со една наемра – да го развива коњичкиот спорт „Еквестријан“ во земјава.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе