Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека програмските решенија се претежно усогласени и оти следните денови се очекува да се разговара и за кадровските решенија.
Околу 90% од програмските определби се синхронизирани. За кадровските решенија воопшто не зборувавме…се надевам дека следните денови ќе ги отвориме и кадровските решенија, рече Таравари.
На прашањето дали дефинитивно влегуваат во Владата, таравари со одговор дека „шансите се огромни“.
Не ги кажа министерствата кои ги посакуваат, но рече дека Министерство за здравство е едно од министерствата за кое АА имаат соодветен кадар.
