Вести Најважни Свет

Расте бројот на загинати во самоубиствениот бомбашки напад во Пакистан

Извлечен е и последниот преживеан од под урнатините на џамијата во пакистанскиот град Пешевар, во која се разнесе бомбаш самоубиец. Пренесени се во болница, но голем дел од нив не успеаа да ја преживеат ноќта, со што бројката на загинати надмина 90.

Последниот ранет што го излеговме беше околу еден часот по полноќ. Бидејќи направивме мали дупки во урнатините, можевме да спасиме многу кои беа под урнатините и можевме да им обезбедиме IV линии, боци со кислород и вода, изјави портпаролот на брзата помош билал ахмед фаизи.

До утринава се извлечени уште девет преживеани. Силината на бомбата го урна покривот под кој се молеле околу 400-тини верници. Во болница се стотици ранети, во критична состојба, а докторите не успеваат да ги одржат сите во живот. Оние кои преживеаа се со тешки изгореници, скршеници кои долго ќе ги лекуваат, дел од нив останале и без слух.

Голем дел од загинатите се полицајци. Утринава беа погребани, но она што не е јасно како бомбашот самоубиец успеал да влезе во најбезбедниот дел во комплекс заграден со ѕидови, во кој се наоѓа седиштето на полицијата, а и други владини објекти.

Конфузијата за тоа кој е одговорен за нападот станува уште поголема, откако командантот на пакистанските талибанци на Твитер напиша дека неговата екстремистичка група стои зад трагедијата. Но, брзо потоа беше демантиран од своите соборци и никој од таму не е достапен за коментар.

Нападот врз сунитската џамија е еден од најсмртоносните напади врз безбедносните сили во последниве години.

Особено е одвратно што се случил таков напад на место за богослужба. Слобода на вероисповест, слободата на верување и способноста за богослужба во мир е основно човеково право, рече портпаролот на генералниот секретар на оон, стефан дужарик.

Пакистан, во кој претежно живеат муслиман сунити, има зголемен број на милитантни напади од ноември, кога пакистанските талибанци го прекинаа примирјето со владините сили. Граѓаните се повеќе стравуваат дека тероризмот кој беше завршен за време на владеењето на минатата влада сега се враѓа на голема врата.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе