Вести Македонија Најважни

Средба на Спасовски и Демерџиев во Скопје

По зголемените тензии на релација Скопје – Софија, денеска во Скопје доаѓа техничкиот министер за внатрешни на Бугарија, Иван Демерџиев, кој ќе се сретне со неговиот македонски колега Оливер Спасовски. Но, во делегацијата која ја предводи ќе биде и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев, кои ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари, односно прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делечев.

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков повторно ги нападна македонските институции, обвинувајќи ги за анти-бугарска кампања и одново побара Бугарите во Македонија да бидат заштитетни. Во интервју за БТВ, тој повтори дека услов за намалување на напнатоста во односите со Македонија е да се гарантира безбедност за Бугарите и тие да бидат впишани во македонскиот Устав.

Во однос на провокации од бугарска страна, Милков вели дека секогаш кога имало провокации од бугарска страна министерството реагирало на нивната официјална интернет страна, а за говорите на европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание, Костадин Костадинов во Скопје, вели дека тоа не може да го коментира бидејќи немал информации што се случило бидејќи не бил таму. На прашањето како ќе реагира Бугарија ако се забрани влез на одредени бугарски политичари, Милков вели дека тоа би било преседан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Аврамовски: И агресивните, неумесни политички изјави влијаат на падот на довербата во судство, но влијае и судската неактивност

Дејан Дејан

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 19.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе