Вести Македонија Најважни

Чествувањето на Гоце Делчев ќе мине мирно и достоинствено, ветуваат Спасовски и неговиот колега Демерџиев

Чествувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде мирно и без инциденти, најавија шефовите на полициите во Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев, без да прецизираат дали европратеникот Ангел Џамбаски и истомисленикот, претседател на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов ќе присуствуваат на 4 февруари во црквата „Свети Спас“, или ќе им биде изречена забрана за влез во Македонија.

Средбата на Спасовски и Демерџиев доаѓа по најавите на Џамбаски и Костадинов за организирање и групно пристигање на чествувањето кое предизвика жестоки реакции и најави за блокади на патиштата и стража околу црквата „Свети Спас“.

Спасовски е дециден дека сите мерки се превземени и нема да дозволат никаков инцидент.

Чествувањето е во услови на зголемени тензии и различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги превзема сите неиопходни мерки и активности и апсулотно нема да дозволи инцидент односно ќе обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев, рече спасовски.

Нема да дозволиме да палат оган каде што нема, рече шефот на бугарската полиција Демерџиев.

Ги превземав сите мерки луѓето кои доаѓаат од Бугарија на чествувањето, нема да дозволам да предизвикуваат немири или да провоцираат. Се согласивме дека ние сме должни да обезбедиме достоинствено чествување и нема да дозволиме некои луѓе да палат оган таму каде што нема. Целта е да се одаде почит на една видна личност како што е Гоце Делчев, а не тоа да стане место каде што ќе се искажуваат радикални и псевдонацилани пораки, рече Демерџиев.

За случајот Пендиков Спасовски кажа дека истрагата трае и можно е да се прошири и на други лица, додека неговиот колега соопшти дека ги доставил доказите за заканите испратени кон Пендиков на социјалните мрежи додека тој е на лекување во Софија.

На заедничката прес конференција тие не соопштија дали се разговарало за информациите кои ги имаат македонските власти дека руската разузнавачка служба стои зад структури во Бугарија чија единствена цел е нарушување на односите меѓу двете држави и внатрешни немири.

За премиерот Ковачевски, претстојните избори во Бугарија се причина за заладените односи и тензиите меѓу двете држави.

Клучното прашање и по средбата на двајцата министри останува отворено, дали официјална Софија ќе дозволи групите организирани од Џамбаски, Костадинов и слични струи да тргнат кон Македонија и дали ќе им биде дозволен влез во државата доколку се појават на граничен премин.

Претседателот Пендаровски и препорача на Владата да биде забранет влез на двајцата политичари и неколку други лица, но од Владата засега нема одговор дали и што е одлучено во однос на препораката.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Аврамовски: И агресивните, неумесни политички изјави влијаат на падот на довербата во судство, но влијае и судската неактивност

Дејан Дејан

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 19.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе