Во Русија приведени се над 1.000 демонстранти, кои протестираат против мобилизацијата, објави агенцијата Франс прес повикувајќи се на неименувани невладини организации. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин објави дека воени резервисти ќе бидат испратени во Украина, како дел од делумната мобилизација на руските сили.
Организатор на протестите е руското движење „Пролет“, кое денеска повика на протести против мобилизацијата. На социјалните мрежи се објавени видеа од протести во источниот дел на Русија, во Новосибирск, Иркутск, Томск и други градови.
Московското обвинителство соопшти дека учеството во протести и недозволени масовни настани е казниво дело, за кое казната може да биде и до 15 години затвор.
