Вести Свет

Гроси: Ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ се влошува

Ситуацијата во украинската нуклеарна централа „Запорожје“ дополнително се влошува, предупреди денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во мигови кога Украинците ги обвинија руските сили дека повторно ја гранитираат централата.

„Ситуацијата се влошува и не можеме да си дозволиме луксуз да чекаме да се случи катастрофа“, рече Гроси по состанокот со францускиот претставник во ОН, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон кој учествува на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Директорот на МААЕ изјави дека за ситуацијата разговарал и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со кого се сретнал утрово во седиштето на ОН.

Се додека продолжува бомбардирањето, ризиците се огромни, предупреди Гроси.

Украинскиот нуклеарен оператор„ Енергоатом“ денеска ја обвини Русија дека повторно гранатирала локација во најголемата нуклеарна централа во Европа.

Во бомбардирањето бил оштетен далновод, поради што неколку трансформатори на еден од шесте реактори, што довело до активирање на генераторите за итни случаи, соопшти „Енергоатом“.

Дури и присуството на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија не ги спречува Русите, се посочува во соопштението, во кое истовремено се бара МААЕ да преземе „порешителна акција” против Москва.

Украинските власти соопштија дека радијацијата кај централата не ги надминува предвидените норми.

Дури и во најлоши услови, дипломатијата никогаш не треба да запре. Наша одговорност е тоа да го направиме со прагматични и реални предлози и се обидуваме да го направиме тоа, рече Гроси.

Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона изјави дека целта е „демилитаризација на капацитетот во рамки на украинскиот суверенитет“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НП Шар Планина: Почна демонтажа и изнесување на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ од долината на Лешница

Sasko Dimovski

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе