Вести Ковид19

Регистрирани 89 случаи на Ковид-19, починато едно лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 случаи, од кои 26 се реинфекции. Пријавено е едно починато лице, а оздравени се 125 пациенти. Во моментов активни се 689 случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи, од Скопје се 44, Прилеп – 7, Битола и Велес – по 6, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Ресен – 3, Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Струмица, Кочани и Струга – по 1.

Од вкупниот број оздравени лица, 82 се од Скопје, Битола – 8, Куманово и Велес – по 6, Кавадарци – 4, Неготино и Берово – по 3, Прилеп, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Тетово, Гостивар, Штип, Кратово и Крушево – по 1.

Починатото лице е од Струмица на возраст од 71 година, починат во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, а на починати е 9.521.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Потребата од физичка активност како дел од секојдневнието на човекот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе