Вести Ковид19 Македонија

Зачестени пост-ковид невролошки и кардиоваскуларни компликации

Зголемен број на постковид пациенти со невролошки и кардиоваскуларни заболувања.

Во најголем број случаи невролошките постковид симптоми се јавуваат по еден до шест месеци по прележувањето на Ковид 19 кај младите пациенти меѓу триесетата и четириесетата година.

Според доктор Здравков, практично да не постои невролошка дијагноза која не се јавува како постковид синдром во најголем број случаи кај пациенти кои го прележале вирусот.

„Од најчестите се хроничните главоболки,  не само тензиони, туку и мигренски. Понатаму ние имавме млада пациентка постковид со епилептични напади, значи добиена епилепсија постковид, а бројот на мозочните удари и крварења останува да биде еден од најчестите и за жал од потешките компликации невролошки на постковидот. Ние имавме еден период кога имавме неколку млади пациенти на околу 30 години, за кои можеше да се направи асоцијација или поврзаност на постковид состојба и појава на мозочен удар и возраста беше околу триесетина години кај сите“ – тврди д-р Илија Здравков, невролог во ГОБ 8-ми Септември.

Зголемен е и бројот на хоспитализации на млади пациенти  на Универзитетската клиника за кардиологија со лесна постковид симптоматологија.

Меѓу неспецифичните симптоми кај постковид пациентите се вбројува и т.н симптом  „магла во меморијата“ кој според одредени статистики се јавува кај околу 50% од пациентите со прележана варијанта на Омикрон.

Лекарите со свој апел до пациентите да не го потценуваат рековалесцентниот период кој може да трае и неколку месеци по прележувањето на болеста Ковид 19.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

3 дена забрана за демонстрации во Амстердам

Дејан Дејан

Тренчевска во „Топ тема“: „Есенската кошничка“ е погрешна, бенефит добија трговците, граѓаните заштедија помалку од евро

Дејан Дејан

Дурмиши во „Топ тема“: Заштедата на едно семејство со есенската потрошувачка кошничка, според наши пресметки, е меѓу 1.200 и 1.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе