Вести Свет

Макрон бара од Путин да го повлече оружјето од Запорожје – украинските сили напредуваат на исток

Украинските сили напредуваат на источниот фронт со молскавична брзина. Воени лица тврдат дека за само неколку дена успеале да вратат над 3.000 километри територија под своја контрола.

И додека руските сили продолжуваат да се повлекуваат од регионот на Харков, украинските сили тврдат дека успеале да стигнат на околу 48 километри од северната граница со Русија, а напредувањето во регионот на Харков продолжува и на југ и кон исток.

Синоќа пак на целата територија на Украина беше објавена тревога од воздушен напад. Медиумите јавија дека руските сили истрелале повеќе балистички проектили од Црното и од Каспиското Море.

Според украинските медиуми била погодена важна енергетска инфраструктура поради што поголем дел од источните градови останаа без електрична енергија.

Украинскиот претседател , Володомир Зеленски истакна дека воената офанзива продолжува во харковската област, како и дека е отворен нов фронт против руската одбрана на границите со регионите Доњецк и Луганск.

Путин и Макрон разговараа за Запрожје

Францускиот претседател Емануел Макрон остварил телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин во кој разговарале за ситуацијата во Украина, при што посебен акцент бил ставен на обезбедување на безбедноста на нуклеарната централа Запорожје.

Макрон му порачал на Путин дека руската окупација е причина за опасност за украинската нуклеарна централа во Запорожје и побарал од него да го повлече оружјето од таму, се вели во соопштението од Елисејската палата.

Двајцата лидери изразиле подготвеност за неполитичка соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повеќе не ги прифака македонските возачки дозволи, се појави ризик иселениците да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

МВР со апел: Внимавајте, лажни пораки од „Безбеден град“ крадат информации

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе