(Фото: index.hr)
Три лица од кои двајца се дел од екипажот на патничкиот воз загинаа во несреќата кај Новска, Хрватска. Уште 11 патници во возот се повредени, според лекарите неколкумина имаат сериозни повреди но не се во животна опасност.
Железничката несреќа се случи синоќа околу 21:30 во близина на градот Новска (100 километри југоисточно од Загреб). Првичните информацио се дека патнички воз не застанал на црвеното стоп светло на пругата и удрил во расипан товарен воз кој се наоѓал на кобната локација.
Меѓу повредените патници има и државјани на Иран кои биле мигранти на поминување низ Хрватска.
Најблиското населено место се наоѓа на километар од пругата и жителите велат дека се слушнал силен и страшен удар.
Увидот и потрагата на терен се одвиваат и утрово.
