Вести Свет Топ вести

Руските сили во регионот на Харков претрпеа значителни загуби, војници дезертираат, тврди Киев

Војската на Украина соопшти дека руските сили во регионот на Харков претрпеле значителни загуби, поради што некои војници дезертирале и ги соблекле униформите за да не бидат препознаени од цивилите.

Некои непријателски единици претрпеа значителни загуби. Војниците дезертираат во цивилна облека и се обидуваат да се вратат на територијата на Русија. Во текот на денот забележавме повеќе од 15 такви случаи, соопшти денеска Генералштабот на украинските вооружени сили.

Генералштабот ја повтори оценката на украинската армија дека за три дена напреднала речиси 50 километри на територијата под руска контрола и оти Русите се повлекуваат.

Окупаторите се обидуваат да ги евакуираат ранетите војници и оштетената воена опрема во областите на населбите Вилхуватка и Бородојарска, велат од штабот.

Во изминатите 24 часа Киев повторно го зазеде градот Балаклија во Харков, кој шест месеци беше под руска окупација. Украина се приближи до важниот логистички и снабдувачки центар Купјанск, а Институтот за проучување на војна (ISW) смета дека најверојатно ќе го освои во наредните денови, информира Си-Ен-Ен.

ИСВ наведува дека украинската армија „веројатно ќе го заземе Купјанск во следните 72 часа, што може да доведе до сериозно, но не и целосно прекинување на руските линии за снабдување со Изјум“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Аудио- визуелно предавање за македонската рок музика вечерва во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе