Вести Македонија Топ вести

Мијалков наместо во струшкиот затвор, веќе десетти ден е во приватна болница

Болничко лекување е причината поради која екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков денеска не влезе во затворот во Струга. Од охридскиот суд за Телма потврдија дека тој добил одложување на врз основа на член 143, став 1, точка 1 од законот за извршување на санкции кој гласи:

Член 143 ЗИС

(1) На осуденото лице кое се наоѓа на слобода може на негово барање судијата за извршување на санкции, да го одложи почетокот на извршувањето на казната затвор, ако: се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности;

За која потешка акутна болест станува збор и во која болница е на лекување, од судот не откриваат. Според информациите на Телма станува збор за приватна болница.

Терминот за во затвор му е сменет во последен момент во петокот.

На 28 август во Охридскиот суд пристигнала молба со која осудениот бара да му се одложи почетокот на издржувањето на казната поради здравствени причини, за што поднел и медицинска документација.

Истиот дена на 28 август по електронска пошта до судот е доставена дополнителна медицинска документација и потврда дека осудениот е хоспиптализиран во здравствена установа. Судот веднаш се обрати до здравствената установа за да се проверат овие околности. На 04 август пристигна известување од установата дека е осудениот е хоспитализиран. На 05 август е донесено решение со кое е одложено издржувањето на затворската казна за 15 дена, соопштија од охридскиот суд.

Но и 22 август може да не биде првиот затворски ден за поранешниот прв човек на УБК. Тој има право повторно да бара одлагање ако сѐ уште е на болничко лекување а судијата за извршување на санкции според истиот закон може да ги провери околностите наведени во барањето и да бара дополнителни информации.

3 годишната казна за „Империја“ е прва правовсилна пресуда за Мијалков која ја доби откако се  спогоди со обвинителството да врати и 6,1 милиони евра во кеш и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра, вклучувајќи градежна парцела во центарот на Скопје и 25 стана.

Законот за извршување на санкции предвидува казните до 3 години да се издржуваат во затвор кој е најблиску до местото на живеење.

Пред точно еден месец Мијалков ја започна постапката за менување на адресата од Скопје, со што стана уште еден познат затвореник во струшкиот затвор, кој е од отворен тип.

  • Други осуденици кои ја искористија оваа законска празнина се Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски, исто по признаена вина за мултимилионскиот криминал во предметот „Империја“. Сепак пионер на струшкиот затворски туризам е Зоран Милески Кичеец.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе