Вести Македонија Топ вести

Грчкиот тим кој трага по Мартин открил машки костим за капење кој наликува на тој што го носел Мартин

На плажата во Катерини вчера биле откриени шорцеви за капење , слични на тие што ги носел 30 годишниот Мартин Јовановски, кој исчезна пред 13 дена во водите на Егејското море, кај местото Посиди, на Халкидики.

Шорцевите меѓу алги ги пронашло лице, кое не ги земало, туку ги фотографирало и фотографијата ја испратило на спасувачкиот тим  ОФКАТ.

Како што објави шефот на спасувачкиот тим, Христос Рамос, по добивањето на фотографија тимот веднаш се упатил на местото каде биле пронајдени шорцевите, но не пронашле ништо што би можело да го подигне моралот на семејството на Мартин.

„Пристигнавме на местото и со подршка на спасувачкиот тим Пиерија- ДОП, кој ни даде чамец ја пребаравме областа до делтата Аксиос, но залудно. Фотографијата беше доволна семејството да поверува дека шорцевите се на Мартин. Кога мајка му го виде костимот за капење рече дека личи на тој што го носел нејзиниот син“ – вели шефот на спасувачкиот тим ОФКАТ, Христос Рамос.

Според Рамос, истрагата по Мартин продолжува со брод покрај брегот на Егејското море кон Коринос, Пидна , Аликес Китрос, до периферијата на Аксиос.

Покрај грчкиот спасувачки тим, во истрагата се вклучени и волонтери од Македонија.

Сеуште е отворена и сметката за донации за истрагата што ја отвори 30 годишниот Иван, второпронајдениот од тројцата другари кои заедно со Мартин на 9 јули беа одвечени од морските струи далеку од брегот ,кога влегле да се искапат.

Прв по несреќата беше пронајден и спасен 25 годишниот Васил.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе