Останато Спорт

Спортистите да не користат продукти на своја рака

Уште на првиот ден од Светското првенство во атлетика двајца натпреварувачи се суспендирани, а специјалистот за борба против користење на стимулативни средства Мат Федорук ги предупреди спортистите да внимаваат со продуктите кои се продаваат во трговската мрежа и се издаваат без рецепт.

Федорук на собирот во Јуџин истакна дека спортистите не се свесни за опасноста на продуктите кои ги купуваат во продавниците бидејќи голем е бројот на оние што во себе содржат забранети супстанции кои потоа може да се откријат при допинг тестовите.

Тој го посочи примерот со крема за тело која ја самиот ја користел, а 48 часа подоцна при анализа на крвта детектирани се неколку супстанции кои се на листата на забранети.

Федорук кој ја откри аферата за системски допинг во Русија изјави дека во моментов се користат модерни методи и реагенси кои лесно ги детектираат трагите на забранетите супстанции и дека спортистите ништо не треба да земаат на своја рака, без консултација со медицинско лице, а посебно да не користат ништо што не е препишано со рецепт.

Како поткрепа на ова тврдење тој го даде примерот со 80 спортисти во Токио кои користеле заштитна крема во која имало метаболици и едвај успеале да се спасат од суспензија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе