Останато Спорт

Поп Ацев 17. во трката на 25 километри на СП во пливање

Евгениј Поп Ацев во трката во далечинско пливање на 25 километри на Светското првенство во водени спортови во Будимпешта го освои 17. место.

Македонскиот репрезентативец делницата ја мина за 5 часа, 13 минути, 52 секунди и  18 стотинки и зад победникот заостана 11 минути и 31 секунда.

Во трката беа пријавени вкупно 26 пливачи, а на целта пристигнаа 20.

Златниот медал го освои Италијанецот, Дарио Верани втор беше Аксел Рејмон од Франција додека бронзата му припадна на Петер Галич од Унгарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе