Заврши истрагата за случајот „Империја“, замрзнат е имотот на екс-директорот на УБК Мијалков, низ целата држава. Откако осомничените ќе ги добијат решенијата за завршена истрага, ќе имаат рок од 15 дена да достават свои докази до Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција.
Раководителката на Обвинителството за криминал и корупција, Вилма Русковска за Телма вели дека со одлуката за завршување на истрагата освен за Мијалков нема замрзување на имотот на други осомничени во случајот.
Пртходно кога беше отворена истрагата Империја во СЈО беше замрззнат и имот на Орце Камчев.
