Вести Македонија

Улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово од денеска нема дрвја, граѓаните вознемирени, бараат да сопре сечата

Десетина долгогодишни дрвја кои се наоѓаа на тротоарите долж улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово денес беа исечени, откако Општината започна со целосна реконструкција во овој дел од градот. Но, овој потег наиде на несогласување кај дел од граѓаните.

Независниот советник, Хамди Сулејмани, од Иницијативата подобро за Тетово, смета дека дрвјата не требало да се исечат и бара да се сопре  сечењето на оние кои останаа.

Градоначалникот, Биљал Касами, пак, вели дека дрвјата биле отстранети затоа што ги оштетувале тротоарите, по што ќе бидат заменети со нови и дека тоа било неопходно поради целосната реконструкција на улицата.

Асфалтот на оваа улица беше раскопан уште во октомври минатата година, за време на претходната локална власт. Касами најави дека активностите за санација ќе завршат до крајот на јуни.

Данијела Билбилоска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повеќе не ги прифака македонските возачки дозволи, се појави ризик иселениците да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Kristina Kuzmanovski

МВР со апел: Внимавајте, лажни пораки од „Безбеден град“ крадат информации

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе