Бугарија да помогне за исполнување на ветувањето од пред две години за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, повика Претседателската на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен по средбата со Бугарскиот Премиер, Кирил Петков во Софија.
„Сакам сите да се потсетиме, дека во 2020-тата, Европскиот Совет донесе голема одлука, да направи исчекор и да каже: Сега е време и ветуваме дека ќе започнеме преговори, преговори за членство со Северна Македонија и Албанија. Европскиот Совет така заклучи. Ова е збор кој носи обврска. Мислам дека сега е значајно заедно да имаме резултат. За вас, сакам јасно да кажам дека темата за заштита на малцинствата е суштинска вредност на ЕУ. Мислам дека е многу важно сега ние да го исполниме нашето ветување, во ова тешко време, кон нашите соседи.“ – изјави Фон Дер Лајен.
