Магазин Промо тв Серии

Промена во Белата Куќа доаѓа Обама, прв Афро-Американец Претседател на САД- трета епизода на „Најсилниот глас“

Со изборот на Барак Обама, Роџер Ејлс и каналот Фокс њуз го пронајдоа ултимативниот непријател – оној што ќе биде постојано на програмата на Фокс, а со тоа и ќе го зацврсти број 1 рејтингот на каналот.

Роџер Ејлс се обидува со навреди и шпекулации да му наштети на првиот црн претседател во кампањата ширејќи исламофобија за потеклото на Барак Обама. Но, тоа само предизвикува нов судир со сопственикот Руперт Мардок.

Борејќи се да ја преземе целосната уредувачка контрола на Фокс њуз, Роџер се наоѓа во конфликт и со неговиот шеф Руперт Мардок и со администрацијата на Обама.

Насловот на епизодата е 2008-ма.

Во тој период, администрацијата на Буш Џуниор, Претседател на САД во последната година од мандатот, се уште е заглавена со воените окупации во Ирак и Авганистан. Обама ветува свртување од таа политика и помош во демократизирање на тие држави.

Обама првин успева да ја победи Хилари Клинтон во битката за кандидат на Демократите за нов претседател на САД. Новите ветришта ги чувствуваат и конзервативците, но и нивната медиумска перјаница Фокс њуз која постојано го навредува идниот претседател.

На крај, проблемите со известувањето на Фокс њуз ги решава директно Мардок со нападнатиот Обама, додека Ејлс ќе дојде на состанокот само да му го види грбот на тогашниот кандидат Барак Обама.

Републиканците пак го избраа Џон Меккејн за кандидат за нов американски претседател. Како потпретседател беше кандидирана Сара Пејлин, контроверзна ама популарна млада конзервативна политичарка која прва ќе започне со промоција на старо-новите идеи на републиканизмот. Подоцна овој пресврт со Пејлин ќе предизвика нови движења во рамките на републиканците, како Tea party, но се ќе заврши со брзиот раст на Доналд Трамп.

Третата епизода на „Најсилниот глас“ вечерва на Телма во 20:20 ( четврток, 07.04.2022.)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вештачката интелигенција може да детектира депресија

Дејан Дејан

Евровизија во Малме оваа година мета на скандали

Дејан Дејан

Потребата од физичка активност како дел од секојдневнието на човекот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе