Вести Свет Топ вести

Заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија, анкетите покажуваат победа на Фидес

Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија.

Во Будимпешта се гласаше во 3.154 избирачки места и 23 области.

Резултатите од изборите ќе бидат објавени кога ќе се пребројат гласовите во сите изборни единици.

Според резултатите од постизборната анкета спроведена од агенцијата Медијан, унгарската владејачка коалиција на партиите Фидес и Христијанско-демократската народна партија се победници на парламентарните избори со 121 место во 199-членото собрание.

„Според анкетата, Фидес освои 49 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција „Обединети за Унгарија“ доби поддршка од 41 отсто од гласачите“, соопштуваат од агенцијата Медијан.

Одѕивот беше 67,8 отсто половина час пред затворањето, бројка многу блиска до таа од 2018 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здравствените власти ќе прогласат епидемија во Гостивар

Igor Trajkov

Чувствата на премиерот и музиката во меани- се смешаа во дебатата по критичниот извештај на ЕК за владеење на правото

Дејан Дејан

Сончево и многу топло, попладне со локална нестабилност – Временска прогноза за 20.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе