Вести Свет Топ вести

Украина негира дека стои зад нападот на магацинот за нафта во Белгород- стопирана евакуацијата на цивили во Мароупол  

Ниту потврда, ниту демант од украинското Министерство за одбрана по обвинувањата на Русите дека украинските хеликоптери Ми-24 нападнале магацин за нафта во градот Белгород, на руска територија. Нафтеното складиште во Белгород било цивилно, а не воено, велат руските воени извори.

  • Украина спроведува одбранбена операција за спротивставување на руската вооружена агресија на украинска територија. Тоа не значи дека Украина треба да сноси одговорност за секоја грешка и за секоја катастрофа и секој настан што се случува на територијата на Русија. Не е првпат да слушаме вакви изјави. Нема да ја потврдам ниту демантирам оваа информација- Олександр Мотузјаник, портпарол на украинското Министерство за одбрана.

Советникот на украинскиот претседател рече дека руските власти ја сносат одоворноста за се што се случува на нивна територија и дека експлозијата во Белгород можеби ја предизвикал некој којшто едноставно пушел на погрешно место.

  • Ние спроведуваме одбранбени операции на наша територија. Руските власти сносат одговорност за се што се случува на руската територија. Тие мора да сфатат што се случува во Белгород. Можеби некој пушел на погрешно место. Можеби имало нешто друго. Можеби руски Војниците ги саботираат наредбите и не сакаат да влезат на украинска територија со достапни средства- Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател.

Сепак по експлозијата во Белгород руските дипломати почнаа да се сомневаат во вистинските намери на украинската страна за какви било мировни преговори.

  • Нападите на руска територија, само ја отсликуваат вистинската намера за какви било преговори и преземање потези кои би можеле да доведат до одреден напредок- Дмитриј Пољански, заменик руски амбасадор во САД.

Меѓународниот црвен крст доцна попладнево јави дека тимот што го испратил за да ја олесни евакуацијата на илјадници цивили од Мариупол бил принуден да се врати во Запорожје затоа што било невозможно да се продолжи со операцијата. Акцијата ќе продолжи утре. Се проценува дека околу 170.000 цивили останале во нехумани услови во Мариупол.

Малкумина жителите останаа во населените места близу Киев, кои се веќе целосно разурнати.

  • Ние и понатаму живееме тука. Шест луѓе живеат во нашата улица, шест во другата, другите се во главната улица. Можеби вкупно околу 30 луѓе останаа во градот- Велери Совторонцев, жител на Макарив.

Украинскиот Генералштаб соопшти дека вооружените сили повторно ја презеле контролата над 29 населени места во Киев и Черниговската област, но руските сили и понатаму гранатираат во Чернигов и Харков.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР: Утрово состојбата е стабилна, без сериозни нарушувања на изборниот процес

Дејан Дејан

Непречено се гласа на територија на цела држава, регистрирани се помали технички проблеми

Дејан Дејан

Гласањето будно го следи и Привремената комисија на ЈО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе