Вести Свет Топ вести

САД испраќаат „самоубиствени“ дронови во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден вчера најави дека до Украина ќе биде испратена дополнителна американска помош, вклучително и беспилотни летала. Два извори изјавија за Си-Ен-Ен дека Соединетите Држави ќе обезбедат беспилотни летала Switchblade. Станува збор за мали и преносливи дронови, т.н самоубиствени дронови кои носат боеви глави и детонираат при удар.

Switchblade 300 и поголем Switchblade 600 е произведен од AeroVironment.

Помалиот Switchblade 300 може да погоди цел на оддалеченост до 10 километри, според спецификациите на компанијата, додека поголемиот Switchblade 600 може да погоди цел на растојание од повеќе од 30 километри. Двата дрона можат да бидат лансирани за неколку минути.

САД ќе мора да обезбедат обука за украинските војници доколку им испратат беспилотни летала, но извор на Си-Ен-Ен вели дека тоа може да се направи од далечина.

Веста за Политико ја потврди пратеникот од републиканците од Тексас, Мајк Мекол, кој исто така најави дека САД и нивните сојузници планираат да испратат дополнителни проектили земја-воздух.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Едночасовен дожд остави хаос во Битола

Kristina Kuzmanovski

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе