Вести Македонија

Доживотен затвор за синот од Богданци кој ја уби мајка си со нож

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста.

Од Судот информираат дека Станковски е прогласен за виновен за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Обвинетиот на судењето признал вина, а притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена.

Настанот се случил на 11 јануари 2026 година, околу 21 часот, во стан во Богданци каде што живееле под закуп. По убиството, Станковски сам се пријавил во полициска станица.

Според обвинението на Основното јавно обвинителство Гевгелија, меѓу мајката и синот започнала расправија поврзана со лекувањето на обвинетиот, по што тој зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе повреди.

Откако ножот се скршил, според обвинението, употребил и други остри предмети, по што жената починала од здобиените повреди.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2 по писмената верзија на пресудата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе