Вести Македонија Најважни

Епидемија се шири низ Гостивар откако на диво била поставена пумпа која вбризгувала вода од Вардар во водоснабдителниот систем

 

Сомневањата дека загадената вода е причина за зголемениоит број на зболни  го истражува и Основното јавно обвинителство во Гостивар .

Јавниот обвинител  Ненад Савески денеска потврди  дека на подрачјето на Основното јавно обвинителство Гостивар се спроведуваат проверки но напомена да не се избрзува со правната квалификација.

Тој нагласи дека надлежниот јавен обвинител денеска постапува по случајот и прибира информации од релевантните институции, поради што, како што наведе, е рано да се дава правна квалификација на настанот.

-Да не избрзувам со правна квалификација околу тоа. Дејствијата се преземаат токму денес. Очекувам и јас информации од страна на надлежниот јавен обвинител, така што не би било благодарно сега од ова место да одредувам правна квалификација наместо надлежниот обвинител- изјави Савески.

На новинарско прашање дали, со оглед на тоа што станува збор за можност од нарушување на јавното здравје, ќе биде побарана одговорност доколку се утврдат неправилности, јавниот обвинител посочи дека најнапред треба да се утврди дали постојат основи за кривично дело.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доживотен затвор за синот од Богданци кој ја уби мајка си со нож

Kristina Kuzmanovski

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за „Талир2“ кога ќе ја добие писмената верзија на пресудата и ја анализира

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе