Вести Економија Топ вести

Јавен повик, тајни понудувачи, се уште не се открива кои компании се јавиле на повикот за нови автобуси

Десет дена од отворањето на понудите се уште нема одговор кои се фирмите кои доставиле понуди на новиот повик за набавка на автобуси. Иако, процесот бил јавен, за сега министерот за транспорт Николовски сподели само дека на повикот  се пријавиле четири компании.

Но, кои се фирмите кои се борат за милионскиот тендер и од каде се, не ги прашал во Комисијата која е составена од претставници од министерството и од машинскиот факултет,  за да не се добиело  впечаток дека влијаел на постапката.

Она што можам да го кажам и за што бев информиран е дека четири компании аплицирале во понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот. Законот е многу јасен, но исто така законот вели дека се формираат комисии составена од претставници  од Министерството за транспорт  и машински факултет и дека раководниот орган е известен со извештај и токму  поради  тоа што е од голем интерес  не сакам да влијаат и да се мешам во нивната работа а секое  прашање може да биде доживеано како такво и сакам навистина овој пат да успее, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николовски 

Заинтересираните понудите имаа рок да ги достават до 6 овој месец кога и беше отворањето на понудите. Роковите за поставување прашања и добивање одговори пак беа до крајот на минатиот месец. Сите административни процедури се завршени, но неизвесноста дали овој пат повикот ќе биде успешен останува.

Планот е да се набават 150 автобуси, 100 за Скопје,  останатите за други општини. Да се во бела или црвена боја.  Проценката е дека ќе чинат околу 50 милиони евра.

Ова е трет обид да се обнови возниот парк на јавниот превоз. Претходниот повик на кој како најповолен понудувач беа избрани унгарската компанија Електробус Икарус и австриска ЕВН беше поништен затоа што една од четирите фирми  пријавени на повикот поднеле жалба до Комисијата

Оној пак кој беше објавен во јуни лани заврши без успех затоа што единствениот пријавен понудувач не ги исполнувал условите.

И додека се чекаат нови автобуси, граѓаните секојдневно се жалат дека не можат да се потпрат на јавниот превоз затоа што дел од  автобусите или многу доцнат или може да се случи воопшто да не дојде. А често може и да прочитаме во медиумите дека некој автобус се запалил на сред булевар.

Прикаската за автобусите трае веќе со подолг период. Претходно пак, за време на мандатот на Данела Арсовска предлогот за нови автобуси неколку пати беше доставен до Советот на Град Скопје, но советниците од ВМРО ДПМНЕ не ја гласаа точката. Арсовска пак им велеше дека тоа е нивно ветување во програмата со која заеднички настапиле на локалните избори во 2021.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрагата за Цвета Ристовска нема напредок, заедно со Димитровска и Столевски се во ДЗР

Дејан Дејан

Уставниот судија Гоце Наумовски му пишал само на Гаши за оставката

Tea Dimkovska

Осум членки на ЕУ се потпишаа на нов нон-пејпер за проширувањето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе