Серии

„Тајкун“-от во бегство: Што сакаше да му (по)каже убиениот Керкез? Во 5-тата епизода, најблиските му вртат грб на Владан.

Владан Симоновиќ (актер Драган Бјелогрлиќ) е во стапица, оружјето со кое е убиен неговиот стар познанин Боро Керкез (го глуми Тони Михајловски)- ги носи неговите отпечатоци.

Полицијата му е зад петиците, пораката која обвинителката Јована (актерка Хана Селимовиќ) ја пренесува на политичките пријатели на Владан, „За Симоновиќ-нема помош“.

Помладиот Симоновиќ, синот Бојан е во потрага по деловни партнери додека постариот од своите соработници наместо помош добива сопки и пречки.

И во таква состојба, Владан се обидува да биде пред напорната полициска потера по него за да дознае кој стои зад заговорот против „Тајкун“-от.

Новата 5-та епизода од „Тајкун“ е вечерва, во 22:10 на ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗАЛИВОТ – од понеделник до четврток во 23:30

Дејан Дејан

КАФЕ СО МИРИС НА ЖЕНА – ТВ новела – ПРВА ЕПИЗОДА – понеделник, 01 јуни 2026 – 20:30

Promo Telma

СВЕТОТ ВО ПЛАМЕН

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе