Промо тв Серии

КЛАН

Од дното до врвот на подземјето

Серијата „Клан“ ја раскажува приказната како ситни, но, амбициозни криминалци полека од дното се искачуваат до врвот на пирамидата на подземјето.

Инспирирана од вистинските приказни на српското подземје при распадот на Југославија, „Клан“ прикажува и како државата и тајните служби наместо да се борат против криминалците, почнуваат соработка со мафијата за политички, но и за сопствени цели.

Убиството на Аркан е почеток на раѓањето на земунскиот клан.  Двајца пробисвети од провинција, покрај големите пречки успеваат во своите бескрупулозни и сурови акции да се искачат на врвот на подземјето.

Убиството на Тигар, најголемиот мафијашки  бос во овој дел од Европа, до темел го разнишува српското подземје. многумина сакаат да дојдат до оваа позиција, картите одново се делат, сите сакаат дел од пленот и се подготвени да направат се за да го освојат.

Сценаристите не ги користи оригиналните имиња на ликовите за вистинската крими-приказна, но филмските имиња се лесни асоцијаци на вистинскиот идентитет на носителите на организираниот криминал на Балканот.

На маргините на тој свет, Шок и Паша, ситни крадци ја започнуваат мафијашката кариера која ќе ги однесе до незамислива височина.

Замислена како длабок и досега невиден пресек во самото срце на криминалната организација и нејзините делувања, ова современата акциона драма го прати подемот на овие двајца криминалци во светот на подземјето. Ова е нивниот пат и нивната приказна.

Главни улоги во Клан ги толкуваат: Александар Димитријевиќ, Недим Незировиќ, Феѓа Штукан, Анѓела Поповиќ, Иван Зариќ, Милан Узелац, Никола Вујовиќ и многу други.

Сценарист и режисер на серијата е Слободан Скерлиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАТИСТ- сериски филм – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – сериски филм – прва епизода 30.04 во 13:40

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе